Златната копија од модулот со кој слетаа на месечината Нил Амстронг е украден

Ретка златна копија на модулот, со кој во 1969 година американскиот астронаут Нил Армстронг слета на Месечината, е украдена од „Нил Армстронг Музејот на воздухопловство и космонаутика“ во неговиот роден град Вапакинета, Охајо, пренесува NBC News.

Станува збор за копија од масивно злато со големина од речиси 13 сантиметри. Експонатот е особен важен поради фактот што во светот постојат само три такви копии. Тие се изработени од француската фирма за накит „Картие“ за секој од тројцата астронаути кои учествуваа во месечевата мисија – Армстронг, Едвин „Баз“ Олдрин и Мајкл Колинс. Им биле подарени во Париз, малку по нивното враќање од историската мисија, забележува ТАСС.

Армстронг, кој почина во 2012 година на 82 години, е првиот човек стапнал на Месечината.

Од полицијата велат дека вредноста на експонатот не може да се измери. Градската полициска служба работи на истрагата во соработка со ФБИ и Канцеларијата за криминални истраги на Охајо.

Додади коментар

Би те интересирало и

Штипјанец тешко повреден во сообраќајка на патот Свети Николе – Пробиштип

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода која вчеравечер се случила на регионалниот пат ...

Украдени 880 000 денари од фирма во Гевгелија

Во периодот од 19 часот на 22. септември до 11 часот на 23. во Гевгелија ...

Close