ЗНМ и Хелсиншки: Итно ослободување на новинарот Божиновски

Здружението на новинари на Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права очекуваат итно да биде укинат притворот на новинарот, Зоран Божиновски, кој е обвинет за

наводно сторени три кривични дела (злосторничко здружување, шпионажа и
уцена). Тие на петти месецов, го посетиле новинарот во притворското одделение на Затворот
Скопје, за што денеска ја информираа и јавноста.

Во денешното соопштение, ЗНМ и Хелсиншки посочуваат дека од досегашното следење на судењето, иако беа закажани десетина судски расправи, повеќето беа одложени поради вина на Судот (прераспределување на судија, необезбедување на присуство на сведоци,
неспроведување на новинарот до Судот итн.).

-Сè уште не се изведени докази за тоа дека новинарот Божиновски е припадник на злосторничка група и дека имал умисла да создаде таква група, ниту дека стапил во контакт со странска разузнавачка служба на која и’ предал државни тајни. Несфатливо е новинар да се држи две и пол години во притвор од кои 18 месеци во екстрадициски притвор во Србија и 13 месеци притвор во Македонија – додаваат во соопштението.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close