ЗНМ одбележа 71 години постоење

Здружението на новинарите на Македонија со пригодна свеченост во средата во Клубот на новинари одбележа 71 години постоење на организацијата. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, годишнините служат да се постетување на мисијата на Здружението, да се направи рекапитулација на сработеното и да се трасира пат за иднина.

Селмани истакна дека основна мисија на ЗНМ е да ја штити слободата на говорот и да промовира професионалнио новинарство:

„Пресудата на Европскиот суд за човекови права и слободи е голема победа за ЗНМ и за сите новинари. Оваа пресуда е силен удар против авторитарните практики на владеење во Македонија и славење на слободата и демократијата. Таа покажа дека правдата е на наша страна и е посилна од насилијето. Сега е време институциите да извлечат поука и да покажат поголем респект кон слободата на говорот, како основно човеково право“.

Тој вети дека ЗНМ ќе продолжи да се бори слободата на говор да стане реалност во Македонија и изрази подготвеност да соработува со идната влада за решавање на проблемите со слободата на медиумите:

„Се надеваме дека идната влада ќе има демократски капацитет и политичка волја за сериозни реформи во медиумите, со цел да имаме послободни и поодговрони медиуми, кои ќе можат да ја одиграт важната улога за функционирањето на една зрела демократија“.

На настанот беа доделени и новинарски награди за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и за истражуваќка сторија „Јашар Еребара“. Годинешен добитник на наградата за животно дело е фоторепортерот на порталот „Сакам да кажам“ Ѓорѓи Личовски, а за истражувачка сторија, новинарот на Призма, Владо Апостолов.

На добитниците наградите ги врачи претседателот на Комисијата за награди, Гордана Дувњак, која истакна дека на конкурсот за првата награда се пријавиле шест новинари, а за втората во конкуренција биле десет истражувачки стории. Дувњак рече дека Личовски, како бард на македонското фоторепортерство, наградата за животно дело ја добива поради богатиот творечки опус од 27 години работејќи во разни македонски и странски медиуми, додека новинарот

Освен наградите, Комисијата, на новинарот на Шења, Мефаил Исламил, му врачи пофалница за сторијата како пратеник на ДУИ се потпишува на листа на присутност на седница на собраниска комисија во име на отсутни пратеници. Воедно, на свеченоста беше промовиран и Новинарскиот клуб, кој за членовите на ЗНМ за ресторански услуги ќе обезбеди попуст од 30 посто.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close