ЗНМ: Рахиќ сака да ги замолчи новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува, како што вели, заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој вчера преку медиуми ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица.

-Ваквите непримерни изјави претставуваат директен напад врз слободата на медиумите и имаат за цел да ги замолчуваат новинарите. Ги повикуваме новинарите да ги почитуваат професионалните стандарди и да ги проверуваат фактите пред да ги објават информациите. Тоа особено се однесува кога известуваат за сензитивни теми поврзани со човековите права. Во случај на непрофесионално известување на медиумите граѓаните можат да поднесат претставка во Советот на честа на ЗНМ и Советот за етика во медиумите – велат од ЗНМ во денешното соопштение.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...