Зошто Барак Обама да не го вработиме како претседател?

Петицицијата насловена „Обама за француски претседател“ ја потпишаа 40.000 луѓе со која се повикува поранешниот американски претседател да се кандидираа за оваа функција за Франција.

Петицијата која почна пред една недела како дел од кампањата е покрената во знак на протест против француските политичари. Оваа петиција веќе добива широки размери. Акцијата следи по серијата скандали, кои се врзани со имињата на водечките политичари во изборната трка.

Интернет страницата Obama2017.fr, објави: Французите се подготвени да направат радикален избор. Тоа е добро, бидејќи ние имаме радикална идеја како предлог.

Понатаму образложувајќи го предлогот, сајтот се повикува на скандалите на франуските кандидати и смета дека е време странец да застане на чело на нивната прекрасна земја.

„Барак Обама на 21 јануари 2017 година го заврши неговиот втор мандат како претседател на САД. Зошто да не го вработиме како претседател на Франција?“, стои во образложение на иницијативата.

Францускиот закон предвидува кандидатите за претседател да имаат француско државјанство. Сегашните двајца од тројца кандидати за птретседателските избори се под истрага за криминал.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...