Зошто бебињата си ги тријат очите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Зошто бебињата си ги тријат очите

Сигурно веќе сите знаеме дека бебето со триењето на очите порачува дека му се спие. Дали сепак, сте се прашале зошто тоа го прават?

Експертите велат дека оваа реакција е последица на замор, затоа што е изморен секој дел од телото на бебето, па и очите. За намалување на напнатоста во очните мускули, тоа несвесно ги допира капаците и ги трие, како што возрасните се обидуваат со масирање да си помогнат кога нешто ги боли. Многу родители тогаш им ги тргаат рачињата стравувајќи да не се повредат, но педијатрите сметаат дека тоа е погрешно се додека не е грубо и не трае подолго време. Наместо да ги попречат во ова, мајките и татковците би требало ова да „прочитаат“ како барање за одење во кревет.

Доколку бебето, сепак не сака да спие, можеби со триењето на очите испраќа сигнал дека нешто друго е во прашање. Можно е да му влегла прашина во очите, па треба да се провери со цел триењето да не ја искомплицира повеќе ситуацијата. А можеби „протестира“ и поради сувиот воздух во просторијата, кој ги суши очните канали – тврдат педијатрите.

Би те интересирало и

Почна Меѓународниот филмски фестивал во Берлин

Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата”, синоќа започна ...

Годишен попис на животни во Лондонската зоолошка градина

Вработените во Лондонската зоолошка градина изброиле околу 19.289 мали и големи животни при годинешниот „попис“. ...