Зошто веднаш да се преселите во Норвешка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Зошто веднаш да се преселите во Норвешка

Оваа скандинавска земја има добиено највисоки оценки во 4 категории, како безбедноста, здравствениот статус, погодната околина и прилагодливоста.

Сепак, ако сè уште немате доволно причини за да заминете, овие 12 сигурно ќе ве убедат:

– Сите кои се постари од 67 години добиваат месечна пензија од $1012 долари.

– Норвешка троши близу 5 % од вкупниот бруто домашен производ за исплаќање на постарите лица.

– Животниот век во Норвешка и до 84 години во просек, а луѓето вообичаено до 77 години немаат некои посебни здравствени компликации.

– Норвежаните речиси и немаат невработени бидејќи 7 од 10 луѓе на возраст од 55 до 64 години се со полно работно време.

– Дури 99,4 % од Норвежаните над 60 години имаат високо образование. Таму факултетите се бесплатни.

– Но, не се бесплатни само факултетите, туку и влезот во музеите. Може да влезете колку пати сакате и да разгледате некои од најзначајните уметнички дела, без да платите ништо.

– Системот кој функционира за начинот на одгледување на децата им овозможува на родителите да се погрижат за нив, па да се вратат на работа, поради што бабите и дедовците не се задолжени да ги чуваат внуците.

– Со оглед на тоа што 20 % од вкупната популација има над 60 години, Норвешка овозможува најразлични програми и промоции токму за своите повозрасни граѓани.

– Луѓето над 67 години плаќаат половина цена за билети во јавниот транспорт, вклучувајќи го и меѓународниот сообраќај.

– Во Норвешка не мора да се грижите за гужвите во сообраќајот, затоа што само околу 50 % од Норвежаните имаат свој автомобил.

– Според истражувањето на Светската здравствена организација, спроведено во 2013 година, помалку од 30 % од Норвежаните над 70 години се чувствуваат осамено, тажно или депресивно.

– Се претпоставува дека сето ова е поради тоа што 89 % од луѓето над 50 години имаат пријатели и роднини на кои може да сметаат во секое време.

Би сакале веднаш да се преселите во Норвешка?

Би те интересирало и

Гвардиола ја сака ѕвездата на Реал – шеикот го одврзува кесето

Гвардиола потроши многу пари минатото лето, но главно работеше на засилување во одбраната, а сега ...

Единственото село во светот без улици

Дали некогаш сте посакале да избегате надвор од градот и да најдете мир во некое ...