Зошто грчките антички статуи имаат мали пениси

Не само што знаеме, туку паднале и куп заебанции на таа тема – сите (читај: повеќето) скулптури од античка Грција и Рим имаат мали пениси. Зошто?

Пенисот на „Давид“ на Микеланџело
Треба да се фокусираме пред сé на грчките статуи, бидејќи тие во голема мера влијаат на сите други европски скулптури со мал пенис.


Има две главни причини зошто античките грчки статуи имаат мали пениси:

Прво, нивните пениси се во флацидна состојба (спуштени, ако сакате да сме директни). Ако се спореди нивната големина со повеќето спуштени машки пениси, всушност излегува и дека не се толку значително помали отколку што се пенисите во реалниот живот.

Второ, културните вредности околу машката убавина биле тотално поразлични во тоа време. Денес на големите пениси се гледа од аспект на вредност и машкост, но тогаш, сите докази укажуваат дека всушност малите пениси биле сметани за подобри од големите.

Една од причините кои историчарите – како што е Кенет Довер во неговата позната книга „Грчката хомосексуалност“ – ги наведуваат за тоа што малите пениси биле културно повеќе ценети од големите, е тоа што големите пениси најчесто биле асоцирани со многу конкретни карактеристики, и тоа не добри: глупавост, будалост, страст и грдост. Како аргумент на ова имаме и прилично многу антички грчки скулптури со огромни пениси. Еве една:

Првата скулптура е од сатир, а втората е од грчкиот бог Пријапус. Сатирите биле митолошки суштества налик животни, што биле следбеници на Дионис – богот на задоволството и виното. Пријапус, пак, бил грчки бог на плодноста (добитокот, овошките и машките гениталии). Хера го казнила и проколнала со постојана ерекција (оние несреќни случаи со Вијагра и неколкучасовна ерекција се нарекуваат и „пријапизам“), неплодност, грдост и лош ум. Всушност Пријапус бил толку омразен од другите грчки богови што бил исфрлен од нивниот дом на планината Олимп.

Со други зборови, сите репрезентации на големи пениси во античката грчка уметност и литература се поврзани со глупави, страстни мажи, или со полуживотните – сатири. Од друга страна, грчкиот идеален маж бил рационален, интелектуален и авторитативен. Тоа не ја исклучувало можноста да има многу секс, ама тоа било неповрзано со големината на неговиот пенис. Пред сé, малиот пенис му овозможувал да остане рационален и логичен.

Грчкиот драматург Аристофан го сумира овој став во една од неговите драми – „Облаци“, каде што пишува дека ако правиш добри нешта и „ги насочиш напорите кон нив“, секогаш ќе имаш „сјајни гради, светла кожа, големи раменици, прецизен и внимателен јазик, широки бутови и мал пенис“. Но, ако ги следиш практиките на тогашната денешница – практики за кои Аристофан сметал дека се лоши, „за почеток ќе имаш бледа кожа, мали раменици, тесни гради, долг јазик (метафорично) и голем пенис“.

Скулптурите од Античка Грција се фокусирани на балансот и идеализмот. Логично е да немаат големи пениси, затоа што тоа би било сметано за хумористично или гротескно.

Старите Римјани имале попозитивен став кон големите пениси, но и нивните скулптури го продолжуваат трендот на мали пениси. Подоцна, во ренесансната уметност, скулпторите во уште поголема мера црпеле влијание од грчката античка уметност, а со тоа и од размерите што биле застапени во истата.

Познат пример за мал пенис во римска скулптура е „Давид“ на Микеланџело, макар што некои експерти имаат и друга теорија освен „грчката“. Во 2005-та, двајца доктори од Фиренца издадоа труд во кој полемизираат дека пенисот на Давид бил намален како резултат на страв. Кога се гледа од напред, лицето на Давид всушност изгледа исплашено и загрижено, заради претстојната борба со џинот Голијат. Докторите сугерираат дека Микеланџело го извајал секој детал од телото на Давид да биде во согласност со симптомите на страв и тензија – вклучувајќи ги и гениталиите.

Класичната грчка скулптура имала огромно влијание врз сите скулптурни репрезентации на машкото тело во европската уметност, па не е чудно што статуите со мали пениси се норма низ најголемиот дел од историјата на западната уметност. Исто така покажува и дека опседнатоста со големината на пенисот отсекогаш постоела, со мали (или големи) измени.

Би те интересирало и

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...

Калифорниец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Жител на америкнската сојузна држава Калифорнија, кој верува дека Земјата е рамна, има намера самостојно ...