Зошто мажите се однесуваат како деца кога се болни

b0186f_8ec46c81bdcb4bc797a15e4ac85ca96e

Повеќето истражувања и докази укажуваат дека за таквото однесување на мажите постои вистинска биолошка причина. Имено, многу од вирусите ги погодуваат мажите многу пожестоко од жените.

Според новото истражување објавено во Nature Communications, постои еволуциски притисок кој ги приморува вирусите да предизвикуваат поблаги симптоми кај жените. Според теоријата, вирусот повеќе профитира ако зарази жена, но притоа не ѝ наштети, бидејќи така постои поголема шанса за понатамошно пренесување на заразата – од мајка на дете. Кај мажите го нема тој „усул“, па вирусите ги погодуваат без воздржување. За ваквата појава веќе има темелни аргументи. На пример, мажите заразени со HPV имаат пет пати поголема тенденција да развијат рак од жените.

Со помош на математички модел, научниците открија дека вирусите навистина поблаго ги напаѓаат жените кога се работи за болест со можност да се пренесе и на дете.

„Преживувањето на најспособните не е ексклузивно само за луѓето и животните“, вели д-р Франциско Убеда – авторот на истражувањето. „Многу е можно ова однесување на вирусите базирано на полот на домаќинот да се случува и со многу други патогени кои предизвикуваат болести. Се работи за извонреден пример што ецволуционарната анализа може да направи за медицината“, истакнува Убеда.

Додади коментар

Би те интересирало и

Добрите пријатели во староста повеќе влијаат на здравјето и среќата од семејството

Како што старееме, пријателите ни стануваат многу важни за подобро здравје и среќа. Според новото ...

Неколку природни лекови против каснување на комарец кои ви се наоѓаат дома

Вашата кујна може да послужи и како аптека доколку по каснување од комарец имате силно ...

Close