Зошто не ми се јавува?

Веројатно секој од вас се нашол во ситуација да исчекува повик, без разлика дали сте машко или женско. Постојат безброј причини зошто некој не ви се јавил иако во основа ако некој сака да ве слушне – ќе ви сврти. Сепак, разгледајте ги и другите можни објаснувања.

Нема да се јават
Некои луѓе се луѓе на моментот – кога сте пред нив сакаат да го имаат вашиот број и си замислуваат илјадници нови средби на кои ќе си поминувате фантастично. Но утредента веќе се предомислиле.

Зафатени се
Ако оној/онаа што ви рекол дека ќе се јави не се јавил следните 2-3 дена, тоа не значи дека не сака. Можеби има zosto-ne-mi-se-javuvaнавистина многу работа, или пак веќе закажани средби/родендени/забави со пријателите и планира да се јави кога ќе се ослободи. И, малку потажно, но исто така можно, е дека кога сте размениле броеви таа личност била скарана со својот партнер, а во меѓувреме се смириле.

Си праќате пораки, но никако да се јави?
Има неколку можни објаснувања. Прво, другата личност можеби си го поставува истото прашање, па обидете се да го пресечете кругот на смс со тоа што вие први ќе се јавите. Второ, можеби се раоти за срамежлива личност на која ваквата комуникација и` е полесна. И трето, можеби постои личност што не треба да ги слушне тие разговори. Надевајте се дека се работи за родителите или колегите од работа, а не за дечко/девојка или сопруг/сопруга.

Машката улога
Ако сте сретнале некого на забава, сте муабетеле дел од вечерта, сте играле заедно, а можеби паднале и неколку бакнежи – сосема е можно дека барем еден од вас мисли дека ова е доволно. Но, особено мажите се научени дека треба да го побраат бројот на девојката и го прават тоа мислејќи дека така е подобро, иако не планираат да се јават.

Исто како што машките знаат дека во вака поставеното општество нивна е улогата да го побараат бројот, така знаат и дека нивна е обврската да се јават и да ја поканат девојката на состанок. Но, како што сите знаеме, не се сите машки исти и на голем дел од нив им е тешко да го направат тоа. Па можеби момчето од кое очекувате повик се срами и има трема.

Мажите се научени на кратки телефонски разговори во кои разменуваат информации – и сега не знаат што да ви кажат и како треба да ве поканат. За некои е полесно кога ве гледаат во очи, а некои помалку се срамат по телефон. Тоа е индивидуално.

Би те интересирало и

Евтин начин за белење на заби во домашни услови

Доколку сакате да ги избелите забите во домашни услови, одличен е методот со користење на ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...