Зошто претставници од Коалицијата За Подобра Македонија не доаѓаат на дебати

На ова прашање одговор се обидоа да дадат гостите на последното издание на емисијата  Стадион емитувано на 26 ноември на Радио Мрежа Канал77 .

Ивон Величковски рече дека сакајќи да зборуваат на некои големи теми се обидуваат да ги скријат слабостите кои ги имаат за суштинските теми завршувајќи со „искрено баш ми е гајле што Амди Бајрам не дојде на оваа дебата„.

И ставот на Стојанче Ангелов не беше ништо поинаков од оној на Величковски и тој истакна дека се плашат дека ќе бидат „разголени„ иако сметам вели тој „бомбите на опозицијата ги разголија повеќе од доволно„.

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ вели дека сите од првиот ешалон на Груевски се слепи извршители на неговите наредби.

И со просечен политичар да дојдат на дебата тие од самиот страт ќе бидат губитници и затоа воопшто не сум изненаден што не доаѓаат а и народот го воочи нивното знаење и капацитет и затоа соодветно ќе ги казни на овие избори , смета Кекеновски.

И покрај уредните покани за присуство во дебатните емисии кои се емитуваат на Канал77 сепак претставниците од Коалицијата За Подобра Македонија на овие дебати не се појавија ниту еднаш.

Последен пример за тоа е Амди Бајрам кој и покрај потврдата дека ќе не удостои со  негово присуство во нашето студио, тој тоа сепак не го стори.

Би те интересирало и

Алијансата за Албанците синоќа во Гостивар одржа промотивна конвенција на кандидатот за градоначалник Арбен Таравари и советничката листа

Гостивар на прво место е името на програмата, која синоќа пред гостиварци ја престави Арбен ...

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...