Зошто секогаш во филмовите има компјутери кои никогаш на друго место никој не ги видел?

Зарем не знаат сите како изгледаат компјутерите и кои се нивните способности? Еве што можеме да научиме за компјутерите од филмовите:

Секогаш секоја слика и видео можеш да ги зумираш апсолутно колку сакаш и да ја исчистиш резолуцијата без никаов проблем и за неколку секунди.

Бришењето на податоците секогаш завршува една секунда пред лошите момци да влезат во просторијата и тоа кога се бришат инфромации од еден Пета бајт

Графичките интерфејси се секогаш придвижени од безброј типкања по тастатурата кои никогаш не се прикажуваат на екраните

Скоро сите компјутери се поврзани во мрежа, а можеш да влезеш во компјутерот на криминалецот иако тој воопшто не е уклучен и не е закачен на интернет

Сите видео разговори преку интернет имаат неверојатен квалитет на слика, исто како никогаш да не користеле Skype, а да и сите користат CISCO системи за видео комуникација, хардвер кој чини околу 20.000$ од парче.

Колку е понапредна опремата, толку повеќе копчиња има. Веројатно сите треба да одат на обука за користење бидејќи на ниедно копче не ппишува за што е.

IP адресата на ФБИ агентите секогаш им ја дава и физичката адреса, абе ајде не чуле за ISP !!!

Програмите во кои се пишува текст никогаш немаат курсор, а скоро сите користат Windows оперативен систем.

Можеш да заразиш компјутер со вирус со едноставна “Upload virus” акција, иако тоа е и во свемирски брод.

 

 

Да не има некој по дома ваков компјутер?

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close