Ивановиќ: Не ја донесов одлуката преку ноќ

ATP Tennis 2011 - Aug 17 - W & S Open_Ana Ivanovic (SRB) v Nadia Petrova (RUS)

Кратко време по соопштувањето за крајот на професионалната кариера, Ана Ивановиќ за сајтот ВТА го даде своето прво интервју во кое тој објаснува како се чувствува по една од најтешките животни одлуки.

– Бев нервозна, но се чувствувам добро. Не ја донесов одлуката преку ноќ, ја имав на ум некое време, но се обидов да го следам срцето, што за мене е најдобро. Почнав да играм тенис, бидејќи го сакав овој спорт. Јас се’ уште го сакам, но време е се тргнам од различни причини. Немав многу среќа со повредите, пред две години бев во Топ 10, а потоа следат подеми и падови поради бројни повреди. Минатата година имав одлична предсезона, работев многу но осцилациите продолжија. Така почувствував дека е време да се повлечам“, вели Ивановиќ во изјавата.

Таа додава дека тенисот ја направи посилна личност, и помогна да ги пронајде вистинските пријатели и дека со него ги совладала лошите моменти во животот.

Ивановиќ својот прв трофеј во кариерата го освои во Канбера 2005 година, три години подоцна триумфира на Ролан Гарос, освои уште 14 турнири, а последен пат на ВТА турнир трофеј освои на 21 септември 2014 во Токио.

Додади коментар

Би те интересирало и

Селекторот Заборски го објави списокот на македонските карате репрезентативци за европското првенство во Португалија

Македонската репрезентација која ќе не преставува на претстојното европско универзитетско првенство кое ќе се одржи ...

Федерер се искачи на третата позиција на АТП ранг листата

Победникот на Вимблдон, Роџер Федерер бележи скок на најновата АТП ранг листа објавена денеска и ...

Close