Иванов во Москва ќе се сретне со Путин и патријархот Кирил

Во Москва Иванов ќе биде одликуван со наградата неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори за 2016 година.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Руската Федерација.

Иванов е одликуван со наградата неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори за 2016 година, што ќе му биде врачена од патријархот на Руската православна црква, Кирил на свечена церемонија која ќе се одржи денеска во храмот Христос Спасител во Москва.

Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција. Наградата ја доделува Меѓународната општествена Фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството. Носители на наградата за 2016 година, покрај претседателот Иванов, се и поглаварот на Коптската црква, Патријархот Тавардос Втори и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Иванов денеска ќе оствари средби со патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, Викар на Патријархот московски и на цела Русија. Македонскиот претседател ќе присуствува и на Божествената литургија во храмот Христос Спасител во Москва.

Утре претседателот Иванов ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Превземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...