Иванов и Димитров заедно на состанокот на Брдо-Бриони процесот

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов и новиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествуваат на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони Процесот, што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Република Словенија.

Иванов, спред најавите од неговиот кабинет, ќе се oбрати на пленарната сесија на состанокот, а ќе одржи и повеќе билатерални средби.

-Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо – Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на југоисточна Европа – се вели во соопштението од кабинетот.

Од Министерството за надворешни работи, пак, информираат дека делегацијата на Македонија на настанот ја предводи претседателот Иванов, а покрај претседателите и министрите на надворешни работи на државите учеснички во Процесот, на состанокот ќе учествуваат и останати високи претставници од ЕУ.

-Согласно најавите, овогодишен специјален гостин на состанокот ќе биде федералниот претседател на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер.На состанокот ќе се дискутираат теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ и европските перспективи на регионот. Министерот за надворешни работи Димитров ќе оствари повеќе билатерални средби за време на состанокот – пишува во соопштението од МНР.

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close