Иванов и официјално му го врачи мандатот на Заев

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов во Вила Водно штотуку му го врачи на Зоран Заев мандатот за формирање влада. Во своето кратко обраќање, Иванов рече дека пречките за формирање на нова влада се отстранети.

Ова го потенцираше и лидерот на СДСМ, Заев кој истакна дека новоизбраниот собраниски спикер, Талат Џафери испратил писмо до Иванов, а и тој самиот до претседателскиот кабинет испорачал изјава во форма на гаранција.

-Во име на формираното парламентарното мнозинство ја давам следната изјава: Гарантираме заштита на унитатрноста мултиетничноста на Македонија; Заштита на уставниот поредок, унапредување на животот на сите граѓани; Процесот на носење на одлуките ќе биде согласно основните демократски приципи и владеење на правото не доведувајќи ја Mакедонија во состојба на потчинетост. Ниту една платформа, акт или дејствие спротивно од погоре наведените не може да биде основа за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија – нагласи Заев.

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...