Иванов му го додели мандатот за состав на нова влада на Груевски

ivanov-gruevski

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделник попладне го врачи мандатот за состав на новата Влада, на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конститутивната седница на Собранието која се одржа на 30 декември, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а рокот истекуваше денеска.

Според членот 90 од Уставот, мандатарот, односно Груевски, „има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог-состав на Владата“.

Груевски во интервју за „Дневник“ изјави дека ќе се обиде да состави Влада, но не по секоја цена.

На предвремените парламентарни извори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички маднати – 51, СДСМ има 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА освои 2 пратеници.



Додади коментар

Би те интересирало и

Зоран Заев Пуч судење

Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на ...

zaev-potkup

Судењето за Поткуп одложено за 23 февруари

Судењето за случајот „Поткуп“ е одложено за 23 февруари. Причината за тоа е барањето за ...

Close