Играл тенис за да се обложува на своите мечеви

Јун Мичухаши е доживотно суспендиран поради наместени мечеви, потврди Единицата за интегритет во тенисот.

Јапонскиот тенисер Јун Мичухаши  заработи доживотна суспензија поради наместени мечеви. Ова го потврди Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ). Мичухаши најдобриот пласман во кариерата го имал во 2009 година кога бил на 295 место на АТП листата.

Тој се обидел да мести мечеви на Меѓународниот турнир во Јужна Африка, во ноември 2015 година. Јапонецот се обложил на вкупно 76 средби во 2015 година и воопшто не сакал да соработува со ТИУ.

Освен на своите мечеви, тој нудел местенки и на други играчи. На Џошуи Чети му понудил пари за намерно да загуби. И Чети е суспендиран поради докажано учество во местенки. Мичухаши за местенка во синг меч нудел по 2000 долари, додека дубл натпревар плаќал по 600 долари.

Суспензијата на Јапонецот стапува веднаш и нема право на жалба.

Превземено од: СпортМедиа

Додади коментар

Би те интересирало и

Стотици Македонци настапија на ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” (галерија)

„ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” беше мотото под кое вчера на кејот на реката Вардар, стотици ...

Пандев му го даде најубавиот подарок на Трајковски

Капитенот на нашиот национален тим и на вчерашниот меч направи гест кој што заслужува почит. ...

Close