Идентификуван напаѓачот во Лас Вегас

Локалниот пензионер, 64-годишниот Стивен Падок е напаѓачот кој синоќа уби над 50 и рани повеќе од 200 луѓе на концерт во Лас Вегас, потврди полицијата.


Тој пукал од 32-от кат од соседниот хотел „Мандалеј Беј“ во присутните на концертот, соопшти шерифот Џозеф Ломбардо, пренесува СиЕнЕн.

Бурата од куршуми и стампедото од луѓе кои трчаа во паника, остави зад себе ужасна и крвава слика од местото на пукањето. Илјадници фанови на кантри музиката беа сведоци на смртоносниот настан, кога вооружен маж истури стотици куршуми врз толпата.

Како што нагласи шерифот, властите најверојатно ја пронашле Марилоу Денли, жената за која се претпоставува дека го придружувала напаѓачот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...