ИД презеде одговорност за нападите во Иран, расте бројот на жртвите

Најмалку осум лица загинаа, а голем број се повредени во координираните напади на бомбаши самоубијци во иранскиот парламент и мавзолејот на Хомеини во Техеран.

Властите стравуваат дека бројот на загинати ќе расте со оглед дека сè уште трае хаотична ситуација и нема потврдени информации ниту за жртви ниту за спасени. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите, кои се први во Иран.

Нападот врз зградата на парламентот беше проследен и со заложничка драма, која не е јасно дали сè уште трае. Инаку, вооружени напаѓачи утрото со калашников влегле во парламентот, убиле еден стражар, по што еден од напаѓачите се разнел. Потоа се појавија информации дека се случил друг бомбашки напад во мавзолејот во Техеран.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...