Избеган затвореник ограбил судија во неговата викендичка во Куманово

ulitsa-pred-sud-kumanovo-696x355

Како што соопшти МВР, рабојништвото се случило вчера околу пладне, кога судијата З.С. (51) од Куманово заедно со негов сосед заминале во викендицата. Пред вратата ги пречекал разбојник кој со вперен пиштол им наредил да влезат внатре. Заедно со уште едно лице ги претресле и им одзеле 10.000 денари и мобилните телефони. Потоа со кабел им ги врзале рацете и нозете и ги оставиле во викендичката, а ја земале колата на судијата и побегнале.

Кратко потоа, врзаните успејале да се ослободат, по што побарале мобилен телефон од соседите и пријавиле во полиција. Од викендицата биле украдени и телевизор, сателитски рисивер, ДВД , појачувач, музички миксети и други предмети.

Полицијата се сомнева дека нападот го извршил опасен криминалец од Куманово, кој пред 15 дена побегнал од затворот Идризово. За ова време колку што е на слобода, тој вооружен со пиштол ограбил вработена во еден маркет, а нападнал и одзеал возило на таксист во населбата Проевце.

Поради тоа зголемено е присуството на полицијата во градот, a зајакнатo е обезбедувањето на некои функционери, бидејќи затвореникот се заканувал дека ќе се пресмета со нив.

На неколку бензински пумпи во градот излепени се негови фотографии, но полицијата не може да му влезе во трага. Тој е осуден на 15 години за тешки кривични дела.

СДК



Додади коментар

Би те интересирало и

Авион кој превезувал 140 патници изгоре на писта (видео)

Боинг 737 на авиокомпанијата Peruvian Airlines кој полета од Лима, се запали при принудно слетување ...

Се самоуби познат биоенергетичар од Битола

38 годишен маж кој лечел луѓе со биоенергија вчера бил пронајден обесен во својата гаража во ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger