Избори на Косово: Харадинај, Хоти или Курти?

Косово со поприлична тензија ги дочекува изборите на 11 јуни, пишува Дојче веле и напоменува дека постои можност дел од пратениците по изборите да мора да одат во Хаг.

Се знае само дека Косово ќе добие нов премиер по изборите, бидејќи досегашниот прв човек на извршната власт Иса Мустафа се откажа од кандидатурата.

Најмоќната партија на Косово, Демократската партија на Косово (ДПК), која по изборот на Хашим Тачи за косовски претседател ја презеде сегашниот претседател на парламентот Кадри Весељи, на општо изненадување само половина час пред истекот на законскиот рок направи договор за предизборна коалиција со Алијансата за иднина на Косово на Рамуш Харадинај, со движењето на Нисма на Фатмир Љимај и десетина мали партии.

Јавноста е изненадена од одлуката на Весељи да крене раце од кандидатурата за премиерското место иако тој ќе ја предводи изборната листа, а кандидат за премиер на коалицијата е Рамуш Харадинај.

Харадинај Србија и понатаму го обвинува за воени злосторства во војната на Косово во 1998 и 1999. Неговото апсење во Франција, каде мина речиси четири месеци, му го крена рејтингот меѓу гласачите, кои сега го сметаат за еден од најголемите борци за слобода, оценува Дојче веле.

Весељи, Харадинај и Љимај така го направија таканаречениот „воен блок“ – тие тројца спаѓаат меѓу најпознатите лидери на УЧК. ДПК во минатиот мандат беше во коалиција со Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, додека Харадинај и Љимај беа во опозиција и најлути критичари на владата.

Односите меѓу Весељи, Харадинај и Љимај не се добри – ни политички ни приватно. Фатмир Љимај порано и самиот беше во ДПК, но оваа партија ја напушти токму поради доаѓањето на Фатмир Весељи на нејзиното чело, и заедно со поранешниот портпарол на УЧК Јакуп Красниќи формираше нова партија – Движењето Нисма.

Од другата страна, „мирниот блок“ го претставува коалицијата на партијата на Мустафа со партијата Алијанса за ново косово (АКР), на еден од најбогатите Косовци Беџет Пацоли.  Мустафа му ја препушти евентуалната премиерска позиција на досегашниот министер за финансии Авдулах Хоти, а многу аналитичари тврдат дека најголемата препорака на Хоти, покрај докторатот и неспорната стручност, е тоа што е лојален следбеник на Мустафа.

Третиот кандидат за премиер е лидерот на движењето Самоопределување, Албин Кутри, кој на јавноста ѝ е познат по отворениот ангажман за обединување на Косово и Албанија.

Самоопределување водеше интензивни разговори и со ДСК и со Пацоли за можна предизборна коалиција, меѓутоа познавачите велат дека ниедна партија не прифатила да биде коалициски партнер поради преголемите барања на Курти.

Речиси е извесно дека нов премиер ќе биде или Харадинај, или Хоти или Курти.

Косовскиот парламент има 120 пратенички места за кои се натпреваруваат пет коалиции, 19 политички партии и две граѓански иницијативи. Косовскиот устав предвидува и таканаречена „позитивна дискриминација“ која на малцинствата им гарантира најмалку 20 пратенички мандати – 10 на Србите и 10 на останатите малцинства.

Уставот на Косово предвидува и пратениците на малцинствата да мора да бидат во косовската влада, што значи дека тие че мора да седат во истиот кабинет со Харадинај, Хоти или Курти.

Превземено од: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Заврши десеттиот Викенд медиа фестивал: Илјадници учесници заминуваат со мноштво инспирации и идеи

Новинарот, Зоран Шпрајц по трети пат во рамките на Викенд медиа фестивалот ја доби наградата ...

Група од 168 илегални мигранти пристигнаа пеш од Грција во Турција

Група од вкупно 168 сириски мигранти илегално по копнен пат влегоа од Турција на територијата ...

Close