Изборните кампањи во Македонија личат на театрални борби помеѓу добрите и лошите

Кога ќе направам споредба со Австралискиот политички систем и со ова што го гледам тука ова овде воопшто не ми изгледа на некоја изборна кампања или некоја борба на идеи, на вредности, на политики ова повеќе ми изгледа на театрална борба помеѓу добрите и лошите зависно од која страна се гледани вели Игор Александров, Претседателот на Здружението на македонски заедници во Австралија за 49 тото издание на Ноќен Експрес на тема Изборни кампањи.

Ретко кој човек им верува на едните или другите ама секој навива за еден или за друг.

Во Австралија луѓето не се врзуваат толку за партија може да имаат одредени симпатии кон некоја партија но тоа воопшто не значи дека ќе гласа за неа.

Дали ќе гласа за таа партија тоа зависи од водачот на партијата или од локалниот пратеник вели Игор Александров и додава дека медиумите и новинарите во Австралија сериозно се занимаваат со тоа кој од кандидатите навистина ја кажува вистината односно дали она што го ветува може да го оствари вели претседателот на Здружението на македонски заедници во Австралија за Ноќен Експрес на Канал77.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ноќен Експрес – Емисија 60 – кратка верзија

Додади коментар

Ноќен Експрес – Емисија 60 – долга верзија

Додади коментар

Close