Избран новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Избран новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

 

Актерот Тони Михајловски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, претседателката на Унијата на жените, Даниела Рангелова, претседателот на УМС, Владимир Нелоски и поранешниот министер за финансии Трајко Славевски се помеѓу позвучните имиња во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, што брои вкупно 26 члена.

Мицкоски во согласност со очекувањата предложи повеќе нови кадри како дел од неговиот план за модернизација на партијата, а во новото раководство ги изостави Антонио Милошоски и Илија Димовски, кои беа потписници на писмото во кое се критикуваше неговиот избор за претседател на партијата.

Во новиот состав на Извршниот комитет влезе и Костадин Богданов, кој беше еден од барателите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашниот Централен комитет најголемата опозициска партија го избра за генерален секретар поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев, а за потпретседатели беа избрани ексминистерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, и поранешниот пратеник Александар Николовски.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...