„Избришете“ ги годините со помош на јога за лице

Лицето има дури 58 мускули, но ние најчесто користиме само 8, а тоа се оние кои се дел од јазикот. Грижите, стресот, уморот, изхрана и загадувањето се гледаат на нашето лице. Ова се причини поради кои мускулите на лицето се опуштаат, се појавуваат мимични бори, a понекогаш и неконтролирани трикови. Последните истражувања покажуваат дека таканаречената јога за лице може да донесе одлични резултати.

Вежба за исфрлање на насобраната енергија

Оваа вежба се состои од издишување низ уста во комбинација со испружување на јазикот, со широко отворени очи и раце.

Вежба за акумулирање на целата енергија

Стиснете ги рацете во тупаница, како и мускулите на лицето, вратот и додека очите и устата ви се затворени, вдишете длабоко низ нос.

Вежба против бори на челото

Широко отворете ги очите и вперете го погледот во една точка пред себе во времетраење од 5-10 секунди и повторете го ова четири пати.

Вежба против бори околу устата и за истегнување на мускулите на образите

Наместете ја устата во позиција за бакнеж и повторете го ова три пати по 5-10 секунди.

Вежба за зацврстување на мускулите околу очите и „бришење“ на напнатоста во тој дел

Вперете го погледот кон горе и така останете 1 секунда, а потоа насочете го погледот кон десно и повторно останете така 1 секунда. Потоа погледнете кон долу и повторно останете во положбата 1 секунда, а веднаш потоа повторете ја постапката кон лево. Но додека го правите сето ова, движете ги само очите без да ја движите главата. Ова повторете го 10 пати.

 

 

Би те интересирало и

Се’ за храна: 10 причини зошто да консумирате костени почесто

Има многу причини за да ги вклучите костените во исхраната! Мирисот на печени костени кој ...

3 масла за брз раст и помалку опаѓање на косата

Кокосовото масло е најдоброто природно масло против опаѓање на косата, бидејќи продира длабоко во влакното ...