Извидничкиот центар нуди сместување за уплашените и загрозените од земјотресот

Извидничкиот центар од Охрид им понуди на граѓаните кои се погодени од серијата на посилни земјотреси престој во шаторите доколку нивните домови имаат поголеми оштетување и се плашат да преноќат, се додека не се утврдат штетите како и стабилноста на објектите.

– Извиднички центар Охрид ги отвара вратите за сите оние кои имаат потреба од преноќувалиште поради денешниот земјотрес. Сместувањето е во шатори со обезбедени вреќи за спиење. За повеќе информации обратете се на 071 296 512 -Виктор Петрушевски, посочија „извидниците“.

После ударот од 5 степени, се случија над десет потреси кои се движеа со магнитуди од 4 до 2,6 степени според Рихтеровата скала. Граѓаните на Охрид како и туристите се исплашени и очекуваат нови потреси.

Досега се регистрирани одредени пукнатини на ѕидови од куќи, изронувања на малтер, срушени оџаци, но штетите допрва ќе се утврдуваат. Од институтот се испратени 3 екипи кои ќе вршат увид на земјиштето и објектите во Охрид.

Директорот на ИЗИС Михаил Гаревски тврди дека ваква магнитуда од 5 степени не може да предизвика катастрофални последици. Охридско-корчанскиот регион е сеизмолошки активен, а изминатите години најсилен земјотрес во регионот на Балканот бил регистриран во Подгорица со магнитуда од 6.7 степени.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...