Изгласан буџетот на Општина Прилеп за 2018 година и избран Кире Спиркоски за командир на ПС Прилеп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Изгласан буџетот на Општина Прилеп за 2018 година и избран Кире Спиркоски за командир на ПС Прилеп

Со гласовите на мнозинството на СДСМ, а без присуство на опозиционите советници на ВМРО ДПМНЕ, кои ја напуштија собраниската сала, Советот на Општина Прилеп на денешната 6-та седница во новиот состав го усвои предлог буџетот за 2018-та година во износ од 1 милијарда 135 милиони и 906 илјади денари, како и одлуката за негово извршување.

Предлагачот на буџетот, градоначалникот Илија Јованоски потенцира дека тој е реален, развоерн и за задоволување на барањата и потребите на граѓаните, но и за нормално функционирање на буџетските корисници. Во споредба со ланскиот буџет за следната година тој е помал за 14 милиони денари. Јованоски акцентира одредени делови на буџетт со посебен акцент и барање на Општината за поголема контрола на наплатата на надоместоците од 20-тината концесионери:

„Донесовме развоен буџет во еден дел а во другиот дел треба да вратиме 104 милиони денари долгови што биле направени досега.Основниот буџет на Општината е 427 милиони денари. Предвидовме доста средства 68,5 милиони денари за изградба и рекострукција на улици во општината. Ние бараме освен Министерството за економија,кое инкасира 22% од наплатата,  контрола врз работата на овие концесионери да има и општината на чија сметка треба да доаѓаат 78% од надоместоците“.

„Денешната седница беше невообичаено долга и обемна со над 40 точки на дневниот ред, меѓу кои и онаа за назначувањето на Кире Спиркоски за нов командир на Полициската станица Прилеп“, изјави преседавачот на Советот Миле Талески.

Овој буџет е проширен за повеќе од 7% за капитални инвестиции-изградба на објекти од суштствено значење за граѓаните на Општина Прилеп. Изградба на ободниот канал во Варош, регулација на речното корито, доизградба на Градскиот стадион, набавка на 5-7 автобуси за Градскиот превоз на метан гориво со цел да ја заштитиме животната средина. Советот меѓу другото не ги прифати кварталните извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија и го намали нивното субвенционирање за следната година затоа што и покрај големите средства од општината поголем дел од нив работеле со загуби.

 

 

 

Би те интересирало и

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, ...