Изгоре џип во Аеродром при подметнат пожар

Фото: архива

Џип марка „Мерцедес“ сопственост на четириесет и двегодишниот Т.Ѓ. од скопско Марино вчера бил опожарен зад Три Бисери во скопски Аеродром.

Според полицијата, пожарот е подметнат од засега непознати лица. Џипот изгорел целосно, а од пожарот зафатено било и комбе.

Полицијата увидот ќе го врши во текот на денешниот ден, по што се очекува да бидат познати повеќе детали.

Додади коментар

Би те интересирало и

Маж сечејќи дрва ја усмрти сопругата

Трагедија вчера околу 10 часот се случи во атарот на кичевското село Драгов дол на ...

Во Тетово се зголемува бројот на лица кои возат без возачки испит

Бројот на лица во Тетово кои возат без возачки испит бележи нагорна линија. Во сообраќајна ...

Close