Издадено предупредување за ураган за Њу Орлеанс

Американскиот национален центар за истражување на ураганите издаде предупредување за ураган за Њу Орлеанс и реонот на езерото Пончартрејн. Такво предупредување вчера беше издадено и за реонот меѓу Гранд Ајл, државата Луизијана, и границата меѓу државите Алабама и Флорида.

Според центарот за истражување на ураганите, тропската бура Нејт зајакнува и се очекува да
прерасне во ураган вечерва по локално време или утре изутрина да го зафати крајбрежјето на
САД.

Се очекува во следните часови да премине во близина или над брегот на мексиканскиот полуостров Јукатан.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...