Излезеноста до 17 часот во Куманово е 57.43%

izbiracko-mesto

Вкупно 51.079 граѓани од вкупно 89.427 лица кои гласале во втората изборна единица во Општина Куманово гласале до 17 часот, односно во проценти 57,43% го оствариле своето право на глас, информираа од Државната изборна комисија.

Најголема излезеност имало на гласачкото место 1098/1 каде 76,89% од граѓаните на Куманово го оствариле правото на глас, додека најмала излезеност е забележана на избирачкото место 1018 каде гласале 25,99% од гласачите.

Во Општина Старо Нагоричане своето избирачко право го оствариле 56,92% од граѓаните, односно од 3.039 регистрирани гласачи, гласале вкупно 1.728 лица.

Во Општина Липково до 17 часот гласале 46,31% од граѓаните, односно од 24.351 лице со право на глас гласале 11.165 граѓани.

Во втората изборна единица правото на гласо го оствариле 59,89% од граѓаните, додека на ниво на целата држава до 17 часот гласале 60,38% од населнието.



Додади коментар

Би те интересирало и

Фоукс: Блокирана сметката на Ивона Талевска

На Ивона Талевска, главната уредничка на весникот „Вечер“, веќе подолго време и е блокирана трансакциската ...

Законот за заштита на укажувачите не значи и подемократска Македонија

Законот за заштита на укажувачите е добар, но се’ уште нема политичка волја за него. ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger