Изминатиот ден 13 сообраќајки во Скопје – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Изминатиот ден 13 сообраќајки во Скопје

Soobrakajna_policija

Изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последици материјална штета, пет се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило девет лица. Сообраќајната полиција соопшти дека во текот на изминатите пет дена откриени се и  поголем број на прекршоци.

Еден возач го управувал своето возило под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај, а четворица возачи не отстапиле првенство на минување во крстосница. Девет возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Вкупно 49 возачи непрописно паркирале возила. Четири лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, а 11 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 67 возила. Четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаци.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Ѓорче Петров“ и со ученици од второ одделение од ОУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров.

Би те интересирало и

Обвинителството го расветлува синоќешното убиство во Чаир

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје го расветлува синоќешното убиство на жената во населбата Чаир. ...

Жена прободена со нож починала на пат кон болница

Жена од Тетово синоќа починала на патот кон болница, откако била повредена со нож во ...