Изнер го стопираше Дел Потро, во финалето го чека Зверев – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Изнер го стопираше Дел Потро, во финалето го чека Зверев

Американскиот тенисер, Џон Изнер успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами, откако го совлада фаворизираниот Аргентинец, Хуан Мартин дел Потро – пренесува МИА.

Изнер го совлада Дел Потро со 2:0 во сетови и ја прекина победничката низа на аргентинскиот тенисер од 15 мечеви по низа.

Тоа за Американецот е четврта победа во вкупно десет меѓусебни дуели.

Изнер до сега има трипати настапено во финале на Мастерс турнирите, но нема титула бидејќи беше поразен во трите наврати.

Првпат по 2010 година Американец ќе се бори за титулата во Мајами.

Во вториот полуфинален натпревар Александар Зверев со 2:0 во сетови го совлада и Пабло Карењо Буста и си обезбеди место во финалето, кое се игра во недела. дб/ми/08:28

Би те интересирало и

Тенисерките на Македонија заминаа за Тунис на Фед Купот во Гамарт

Фед репрезентацијата на Македонија замина за Гамарт, Тунис, каде од утре ги започнува натпреварите од ...

Ѓоковиќ започна со тренинзи

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го одбработил првиот тренинг по операцијата на лактот на ...