Израелците создадоа батерија за електричен автомобил која се полни за само пет минути

Израелската компанија StoreDot направи интересен напредок во врска со технологијата на батерии, но најновото достигнување кое го претстави на технолошкиот саем Cube Tech Fair во Берлин може да влезат во историјата.

Имено компанијата произведе нова батерија за електричен автомобил која се полни за само пет минути. Додека бројните стручњаци денес се обидуваат да ја унапредат силата на батеријата, батеријата на StoreDot се фокусирала на брзината на полнење. На пример Суперчарџерот на Тесла за електричен автомобил му е потребно 75 минути за полнење.

„Брзината на полнење на батеријата е критична карика која недостасува за електричните возила да бидат сеприсутни“, изјави директорот и основач на StoreDot, Дорон Мајерсдорф.

Компанијата StoreDot тврди дека нивната батерија FlashBattery е посигурна од останатите кои се користат за електричните возила затоа што не е запаллива. Се очекува оваа батерија да биде достапна на пазарот во наредните три години.

Превземено од: СлободенПечат

Додади коментар

Би те интересирало и

Десет особини на „убавите“ жени

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична ...

Бактерии менуваат форма во Вселената

На Интернационалната Вселенска Станица (ISS) е пронајдена бактерија која ја менува формата. Научниците сметаат дека ...

Close