ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски да формира Влада

Sednica-na-IK

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде полн легитимитет на Претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата Влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси, беше соопштено од партијата по одржувањето на седница на ИК, во средата вечерта.

На седницата со која раководеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се анализираа повеќе актуелни теми и случувања. Централна тема беше претстојниот процес на формирање Влада при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа.

„Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи.
Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори освои 51 пратеничко место, СДСМ 49, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Заев: Договорот ќе биде потпишан на англиски, македонски и бугарски јазик

Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии англиски, македонски и ...

Препораки за заштита од утрешниот топлотен бран – жолта фаза

Избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и ...

Close