Околу 4.000 луѓе маршираа низ центарот на градот во неделата, во знак на протест против климатските и трговските политики на главните развиени и растечки економии во светот, пренесе АП.
Демонстрантите се упатија со флотила од стотици мали чамци, организирана од страна на еколошките, работничките, црковните групи и групите за човекови права.
Властите организираат силна контрола и одредени области на Хамбург ги прогласија за недостапни за демонстрантите за време на самитот на 7-8 јули.
Канцеларката Ангела Меркел во неделата рече дека сака дискусиите меѓу водачите да ги вклучат прашањата за одржливиот развој, правата на работниците и заштитата на животната средина.
Извор: МКД