Имате несоница? Овие работи избегнувајте ги пред спиење – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Имате несоница? Овие работи избегнувајте ги пред спиење

Работите кои ги правите во текот на денот и во ноќта влијаат на вашиот вечерен сон. Од друга страна пак сонот и добриот одмор неизмерно влијаат на вашето здравје и продуктивноста на работното место следното утро.

Доколку овие ноќи се мачите со несоницата, тогаш дефинитивно треба да ги избегнувате следниве работи пред спиње:

Консумирање мрсна или високо калорична храна – поради оваа храна не само што не можете да заспиете, туку може и да чувствувате мачнина во стомакот наредниот ден. Затоа, пред спиење, избегнувајте консумирање брза храна, скара, колачи и слично.

Седење пред компјутер – воопшто не е препорачливо пред спиењето. Интернетот, социјалните мрежи како и гледање телевизиски серии пред екранот не му дозволува на вашиот мозок да се релаксира. Во овој случај прочитајте некоја книга или медитирајте.

Работење до доцна – истото важи и за учењето до доцна. Доколку работите или учите до доцна, подгоотвувајќи се за следното утро во ниеден случај нема да се одморите. Затоа, еден час пред спиење тргнете сè настрана и релаксирајте се правејќи нешто друго.

Консумирање кафе – или останати пијалоци што содржат кофеин, како и пушењето цигари токму пред спиењето ќе ве остави без добар сон. Наместо тоа, практикувајте овие работи да ги правите неколку часа пред спиењето.

Изоставете ги емоциите – нервозата, стресот, емотивните книги или телевизиски серии ви ја одземаат енергијата и ве прават помалку релаксирани и спокојни. Наместо тоа обидете се да читате или да гледате некоја интересна комедија.

Би те интересирало и

Само еден миг е потребен за да ја изгубиш самодовербата

За жал, чувствувам дека сме отидени до таму што довербата ништо не ни значи и ...

Се’ за храна: Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на ...