Импичментот за Иванов влегува во собраниска процедура

ivanov

На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување на одговорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов по одлуката за аболиција за 56 лица, досега се потпишале повеќе од 50 пратеници, што е доволно за да влезе во собраниска процедура. Сепак, го нема и потребното двотретинско мнозинство за успех.
На иницијативата се потпишаа пратениците на СДСМ и на ДУИ. За оваа иницијатива да се спроведе во Собранието ќе биде неопходно двотретинско мнозинство (82 гласа). Бројот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ (59) покажува дека ова двотретинско мнозинство нема да биде постигнато, но за ова ќе мора да има расправа.

Претседателот на Собранието е должен за оваа иницијатива да формира комисија, која за 7 дена од формирањето мора да даде извештај, а парламентот ќе мора да заседава за седум ден од поднесувањето на извештајот. Ова значи дека пратениците ќе расправаат за оваа иницијатива, а на седницата претседателот на државата може да одговори и писмено или лично да се обрати пред пратениците.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...