Инспекторат за Л.С – Според Законот градоначалниците се со технички мандат до крајот на годината

Мандатот на советниците по општините завршил уште на 24 март датумот кога и се одржаа последните локални избори. Градончалниците според Законот за локална самоуправа завршува до крајот на календарската година – тврди Ванчо Шехтански, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, како надлежна државна институција која ја следи законитоста на единиците на Локална самоуправа.

Тој вели дека изнесените толкувања за мандатите на советниците и градоначалниците се произволни и несериозни со цел свесно манипулирање на граѓаните:

„Мандатот на советниците во Општините согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа е со мандат од 4 години и тој со оглед на последните локални избори се одржани на 24 март 2013, е со истечен мандат од 24 март 2017 и сите одлуки кои советите на општините ги донеле по овој датум од страна на Инспекторатот се поништени и ставени вон сила, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство“.

Со оглед на изминатиот мандат на советите, во Законот јасно стои, тврди Шахтански, мандатот на градоначалниците трае до завршување на тековната година.

„Мандатите на градоначалниците се регулирани во член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа и таму јасно стои дека мандатот трае до завршувањто на тековната година, што значи 31 декември 2017, па со оглед на изминатиот мандат на Советите, градоначалниците извршуваат техничка функција, но во никој случај не смеат да прекинат со функционирањето на Општините а во случај да не ги извршуваат законските обврски ќе бидат соочени со законски санкции.

Од Инспекторатот велат дека сите одлуки што се донесени од страна на локалната самоуправа што се донесени од страна на советите по 24 март се вон сила.

Шехтански не смета дека реакцијата на Инспекторат е задоцнета.

„Законска обврска на Инспекторатот е во рок од 45 работни дена од донесувањето на одлуки, да ја цени законитоста на донесените одлуки од страна на единиците на Локалната самоуправа, значи ние претходно имавме побарано од сите општини да ни се испратат уверенија од кога е нивниот мандат“.

„Чудно е како инспекторатот не беше консултиран ниту пак учествуваше во некоја од јавните дебати, организирани од ЗЕЛС, каде очигледно се носеа произволни заклучоци со партиски интереси без законска основа, а што е најтрагично со криење на вистината од граѓаните“, тврди Шехтански.

„Значи единствена институција која може да го толкува и којашто е надлежна за давање на коментар, ние молчевме, гледавме дека има коментар од други институции, од градоначалници. Мислам дека беше невкусно да се даваат коментари од други институции и формално и неформално“, смета директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close