Инспекции упаднале на пет клиники – хигиената на Гинекологија и Трауматологија не е на задоволително ниво – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Инспекции упаднале на пет клиники – хигиената на Гинекологија и Трауматологија не е на задоволително ниво

Хигиената на Гинекологија и Траумотологија не е на задоволитетлно ниво, утврдиле синоќешните инспекции. Како што информираат од Министерството за здравство.

Синоќа, во вечерните часови, по насока од министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршија ненајавен инспекциски надзор во пет јавни здравствени установи. Целта на надзорот извршен во доцните вечерни часови бил да се увиди дали во континуитет се одржува хигиената и се почитуваат сите соодветни процедури за одржување на условите за пациентите на највисоко ниво.

Инаку, со надзорот биле опфатени Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

„При надзорот на Клиниката за гинекологија е констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно.

Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво“- велат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство во моментов презема мерки за отстранување на констатираните недостатоци.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Еколошка акција денеска во Кавадарци, ученици и еколози го собраа отпадот околу езерцето на висорамнината Витачево

Во рамки на акцијата, Ден на планетата земја кој годинава се одбележува под мотото „Да ...

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека со наместен тендер ќе се набавуваат реагенси, СДСМ најавува подобри здравствени услуги

Опозицијата обвинува дека СДСМ има намера да ја централизира набавката за реагенси за сите лаборатории ...