Инспекциски контроли продолжуваат да ја тресат општина Тетово

Фото: Тетово, архива

По чиј налог се  извршени вкупно 76 контроли на јавни површини пред локали низ Тетово, никој точно не дава одговор.

„На сопствениците на локалите им е кажано дека ова се контроли направени од страна на Јавното обвинителство со асистениција на полицијата и дека истите се прават да се утврдат нерегуларности во работата на општината“, ни изјави Вјолца Бериша, сопственик на локал во Тетово.

Градначалничката на општина Тетово, Теута Арифи вели дека зачестените инспекторски контроли на општината се должат на хиперактивноста и селективноста на одредени институции кои решиле да се позанимаваат со многу проблеми за кој ние ги предочувавме многу одамна.Би сакала да им порачам на тие институции да се позанимаваат со тоа каде отидоа средствата за водоводот кои ние никаде не ги видовме а граѓаните со децении се мачат.

Сепак методите на притисок не можат да влијаат и да ги променат идеите за демократија на граѓаните на Тетово кои многупати виделе селективно однесување на некои институции.Последните недели е начин на злоупотреба на институциите и затоа е упатен повик до ЕУ, САД и ОБСЕ кои имаат вложено средства во овие институции да се зајакнат да ни објаснат дали тие средства ги дале да овие институции ги дале на поединци за вршење на притисок против вредностите на ЕУ и НАТО во нашата земја.

По минатонеделните инспекциски контроли врз  општина Тетово ова е трета по ред  за која Арифи вели дека ова се случува поради вакумот во кој државата функционира без влада.



Додади коментар

Би те интересирало и

Жбогар во посета на Струмица

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Општина Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за ...

Сончев понеделник, но замрзнати автомобили

И покрај најавите за сончев понеделник, ова утро сепак провејува слаб снег во Маврови Анови, ...

Close