Интензивни подготовки за најголемиот спортски настан во Македонија

Оваа недела во посета на ФФМ и Скопје е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета.

– ФФМ направи големи напори за да можеме да бидеме задоволни од сработеното во оваа фаза на подготовки за Супер Куп натпреварот. Направени се големи зафати на стадионот, северната трибина ќе биде многу функционална за сите посетители, вклучувајќи го организаторот, носителот на ТВ правата, медиумите и општо гледачите – е ставот на УЕФА.

Инаку најголемиот спортски настан во Македонија ќе се одигра на 8 август. За Супер Куп трофејот ќе се борат победникот во Лигата на шампионите и најдобриот клуб во Лига Европа.

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...