Интересни факти за мечот Барселона – Вардар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Интересни факти за мечот Барселона – Вардар

Дуелот меѓу Вардар и Барселона што е закажан за 10 февруари 2018 година е прогласен за натпревар на колото во лигата на шампионите. Двете екипи се во врвот на табелата во групата и очекуваат освојување на бодови. Вардар бара бодови за освојување на првото место што носи директен пласман во четврт-финалето, а домашните сакаат да останат во игра за директен пласман и да чекаат кикс на некои од ривалите.

На првиот дуел сезонава во Скопје на 14 октомври „црвено-црните” победија со 27-24. Ова ќе биде 13 меѓусебен натпревар меѓу Барселона и Вардар. На последните две средби победи Вардар и имаме и едно реми. Сѐ претходно беше во знакот на Шпанците.

Гледано статистички Вардар има серија од 15 натпревари без пораз во лигата на шампионите, а Барселона загуби на последниот меч со Нант на почетокот на декември.

Победничката серија на Вардар против Барселона почна во јуни во полуфиналето на ЛШ, кога со гол во последната секунда Лука Циндриќ им донесе на „црвено-црните” финалет.

Вардар досега нема освојувано бодови на официјални мечеви во Шпанија. Ниту против Барселона, ниту против Адемар леон и Грањнолерс
Вардар е единствен тим без пораз сезонава во ЛШ
Вардар и Барселона сезонава на сите домашни дуели освојуваа бодови

Во прилог е статистиката и сите интересни детали за мечот на колото меѓу Барселона и Вардар.

Преземено од: РКВардар.мк

Би те интересирало и

Вардар победи на гостувањето кај Кил

Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во ...

Македонија во група со Грција во квалификациите за ЕП 2020

Машката ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, ...