Интер го отпушти Пиоли – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Интер го отпушти Пиоли

Стефано Пиоли доби отказ на тренерската функција во Интер на три кола до крајот на сезоната во Серија А. Интер има само теоретски шанси да избори пласман во Лига Европа, поради што раководството реши да го отпушти тренерот Пиоли.

Стефано Пиоли на клупата на Интер седна во ноември минатата година, имаше добар старт, но тимот на последните десет натпревари освои само два бода. До крајот на сезоната Интер ќе го предводи тренерот на младиот тим Стефано Веки, кој ќе дебитира викендов против Сасуоло.

Според италијанските медиуми нов тренер на клубот ќе биде Лучано Спалети кој по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Рома.

 

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Гугл случајно му ја расипа кампањата на Захариев

Кога Гугл ќе вмеша прсти, прави хаос сред кампања. Кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо ...

Снајди се па прави ајвар – фyнкционални изговори како да не добиеш казна ако те фати полиција како правиш ајвар

Полицијата последниве неколку недели користејќи специјално тренирани гладни студенти кои можат да намириаат ајвар и ...