Инцијативата за Чисто Тетово алармира за проблемот со дивата депонија на влезот од градот

Од граѓанската иницијатива за Чисто Тетово преку Пресс конференција одржана на дивата депонија на влезот од градот, реагираа на неколкуте неисполнети ветувања на градските власти, за надминување на проблемот со сметот и чистење на дивата депонија.

Според нив градските власти се однесуваа несовесно и не ги решаваат проблемот. Претоварната станица за смет надвор од градот не го реши проблемот, сега отпадот се префрла од едно на друго место во Тетово, изјави Борис Стојановски од Иницијативата за Чисто Тетово.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи минатата недела ја отвори претоварната станица за смет на само неколку километри од градот во близина на тетовското село Требош. Таа рече дека станица за смет е првиот чекор кон решавање на деценискиот проблем со ѓубрето во Тетово.

Според неа, интензивно се работело на проект за изградба на станица за рециклирање на смет а во координација и соработка со останатите општини од полошкиот регион и со финансиска помош на странски организации и фондови, се работи на проект за уредување на регионалната депонија Русино во гостиварско, со што конечно не само во Тетово туку во целиот полог, ќе се реши проблемот со дивите депонии.

Арифи истакна дека во меѓувреме ќе се работи на чистење на дивата депонија на  влезот од Тетово, но не прецизираше кога оваа локација ќе биде целосно исчистена.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Ќе ги снема ли редукциите на вода конечно во Неготино?!

Реконструираната водоводна мрежа и новиот скада систем треба да бидат решение за деценискиот проблем со ...

По излевањето на Поројска река, 400 семества два дена се без вода за пиење

Од наносите од камења и земја кои ги донесе реката уништена е дел од водоводната ...

Close