Иран: Осум лица се осудени на смртна казна поради тероризам – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Иран: Осум лица се осудени на смртна казна поради тероризам

Ирански суд осуди осум лица на смртна казна поради поврзаност со минатогодишни напади на екстремистичката организација Исламска држава (ИД).

Лицата се прогласени за виновни за помагање на петмина екстремисти на ИД кои го нападнаа парламентот и храмот на иранскиот лидер ајатолахот Рухола Хомеини.

Во тие напади во јуни, минатата година, се убиени 18 лица, а над 50 се повредени.

Како што јави МИА, во нападите иранските безбедносни сили ги убија напаѓачите.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...