Иран повика за дијалог меѓу Катар и соседите од Персискиот Залив

Иран ги повика денеска Катар и неговите соседи од Персискиот Залив на отворен дијалог за решавање на несогласувањата, откако Саудиска Арабија и нејзините сојзници објавија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Доха.

– Надминување на разликите меѓу земјите во регионот, вклучувајќи ги сегашните проблеми меѓу Катар и трите соседи е можно единствено со политички и мирни средства и отворен дијалог меѓу заинтересираните страни – се вели во соопштението на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми.

Додади коментар

Би те интересирало и

20.000 полицајци спроти самитот Г20 во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика демонстрантите да останат мирни кога ќе присуствуваат на протестите ...

Италија ѝ се заканува на ЕУ дека ќе ги затвори пристаништата поради „презаситеност“

Италија вчера побара од Европската Унија да помогне во прифаќањето на африканските емигранти и ја ...

Close