Ирена Јакимоска е нов претседател на Стопанската комора за Прилеп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ирена Јакимоска е нов претседател на Стопанската комора за Прилеп

Управниот одбор на Регионалната Стопанската комора за Прилеп доби нов претседател – Ирена Јакимоска. Таа го наследи на функцијата Симон Наумоски, кој повеќе од дваесет години беше на чело на регионалната бизнис асоцијација:

„Одлучив да се повлечам од оваа функција од повеќе причини. Пред сè годините тоа ми го наложуваат, а имаме многу млади кадри кои ценев дека сосема успешно ќе ме заменат на оваа позиција. Лично сум преблагодарен, зошто работев со многу силен состав на Управниот одбор, секогаш беа многу актуелни во своите настапи, предлагања и решенија по актуелни стопански теми поврзани со општината и пошироко“.

За Јакимоска пак преземањето на функцијата е уште еден предизвик и се надева дека ќе ја оправда укажаната доверба:

„Нема да биде едноставно да се продолжи со нешто, што толку години било работено и поставено на правилни постулати и многу успешно. Ова е еден голем предизвик за мене од причини, што секогаш треба да бидеме подобри и да одиме напред. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата  и заедно во соработка со локалната самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски ќе бидеме уште поуспешни во намерите. А основна намера е да ги застапуваме интересите на бизнис секторот, за развој на нашата општина затоа што на крајот на денот сите ние друго место на живеење освен Прилеп немаме и треба сите подеднакво да се инволвираме и да вложуваме за да го направиме навистина подобро место за живеење и работење“.

Регионалната стопанска комора по пензионирањето на досегашнот Ристо Најдоски доби нов извршен директор.Тоа е поранешниот прв човек на Мермерниот Комбинат Горан Попоски:

„Ова ќе биде голем предизвик за мене, бидејќи досегашниот претседател постави високи критериуми во однос на работата на комората. Ќе се трудам со сите мои можности и знаења да ја оправдам довербата, да ги унапредиме активностите и секако да ја продолжиме соработката со Локалната самоуправа“.

Би те интересирало и

Лозарите ќе ги добијат парите за предаденото грозје во Повардарие најдоцна до 15-тти јуни, соопштија од винаријата

Винарската визба Повардарие Неготино која на лозарите им должи пари за предаденото грозје за 2015 ...

Минстрој бара впаричување на кавадаречки Фени, а комбинатот веќе три месеци извезува

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, застапници на бугарски Минстрој, побараа запирање на стечајот за кавадаречки ...