Ирина Тошева го затвори есенскиот Моден викенд Скопје

Алтернативното модно претставување на Ирина Тошева го заокружи есенското издание на Моден викенд Скопје. Миленичката меѓу младите дизајнери за сезоната есен/зима ’17/’18  понуди уникатни црно бели комбинации. За да ја испише својата најнова естетска приказна, Тошева вели дека се затворила во мал колорит, работејќи со природни материјали како памук и свила.

Парчињата наменети за љубителките на удбното и минималистичкото наместо со ревија, беа претставници преку мултимедијална инспирација.

Тошева, овој пат модата ја премости со поезијата – црпејќи инспирација од циклусот песни за Дениција на Петре М. Андреески.

„Сметам дека секоја жена е нечија Дениција. Работев со прекрасен тим на луѓе кои ми помогнаа за реализацијата Ја поставуваме македонската мода рмо до рамо со светската мода и светските трендови. Имав потреба да пробам нешто ново, модата се менува и светските дизајнери веќе ја избегнуваат ревијата како начин на претставување Имав потреба да направам нешто ново и иновативно, бидејќи со секоја колекција си претставувам по еден нов предизвик“.

Моден викенд Скопје 2017 почна на 22 октомври, а понуди 14 ревии обединети под мотото Stop the traffic, со цел подигање на свеста за борбата против трговијата со луѓе.

Би те интересирало и

Македонците се најрелигиозен народ на Балканот

Со 88 проценти, Македонците се најрелигиозен народ на Балканот. Ова го покажуваат податоците од студија ...

Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година

Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година. За прв пат во ...