Ирски фудбалер доби милион евра на лото – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ирски фудбалер доби милион евра на лото

Ирскиот фудбалер, Кевин О’Конор добил еден милион евра на новогодишна лотарија. Одбранбениот играч на второлигашот Престон, среќниот талон го добил од неговиот чичко. О’Конор не знаел дека е добитник на наградата, но инсистирањето на мајка му да го слика ливчето придонело да се дознае добитникот.

„ Мајка ми ме замоли да го фотографирам талонот, бидејќи ми кажа дека е победник некој од нашиот регион. Не ни размислував дека јас сум добитникот. Уште не сум свесен за наградата“, изјавил О’Конор за британските медиуми.

Билетот бил купен на 14 декемвр, а О’Конор го примил како подарок од вујко му за католички Божиќ.

О’Конор е член на Престон каде има неделна плата од 15.000 евра, а претходно играше за Корк Сити и Ватерфорд.

Би те интересирало и

По 35 години забрана, ќе има кино проекции во Саудиска Арабија

По 35 години забрана на кината, во Саудиска Арабија започнаа проекции на анимирани филмови. Првите постојани кино-сали ...

Навики кои создаваат незадоволство, ослободете се од нив

Обвинувањето на другите, фанатичната желба за контрола, фалењето и животот во минатото се рецепти за ...