Исклучените од Топлификација бараат оставки од првите луѓе на Основен суд Скопје 2 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Исклучените од Топлификација бараат оставки од првите луѓе на Основен суд Скопје 2

Исклучените граѓани од топлификација денеска повторно протестираат. Овој пат, тие организираа собир кај Судска палата. Протестот кој започна пред околу еден час, го организира Здружението „Но пасаран“.

Граѓаните на денешниот протест обвинија дека четириесетина судии работеле незаконски и ги штетиле граѓаните кои веќе со години плаќаат парно, иако се исклучени од топлификација, а со цел да се овозможат профити на како што велат, криминални структури.

Претставникот на Здружението, Марјан Ненов во изјава за медиумите посочи дека 25 од овие судии се од Основниот суд 2, поради што, демонстрантите побараа оставка од првите двајца луѓе на овој Суд – Илир Сулејмани и   Никола Блажевски.

Оштетените граѓани здружени под името „Но пасаран“ досега многупати протестираа кај Порта Македонија, но и пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје. Денеска тие повторно го кажаа својот став – дека судските постапки кои се водат против нив по тужбите од Балкан енерџи груп, се базирани на неверодостојни исправи.

Инаку Здружението „Но пасаран“ поднесе и иницијатива до Уставниот суд, оспорувајќи дба члена од Правилникот за снабдување со топлинска енергија. Со овие два члена исклучените од мрежата на Топлификација се обврзуваат да плаќаат паушал за топлинска енергија иако не се приклучени на системот.

Доколку Уставен ја прифати иницијативата и ги поништи овие два члена од Правилникот, тогаш ќе бидат стопирани сите судски постапки кои се водат против граѓани кои одбиваат да го платат паушалот.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...